Дали ова е телефонот на Facebook?

Откако во изминативе денови се појавија бројни гласини околу телефонот што го спремаат HTC и Facebook, на Интернет се појавија и првите фотографии на овој смартфон.

Првата фотографија е објавена на @evleaks профилот на Twitter на која до сега се објавени бројни фотографии на телефони пред нивното претставување, така што би можело ова да биде навистина телефонот на кој работат овие две компании.

„Business Insider“ тврди дека овој телефон ќе се продава како HTC First и дека ќе се продава по прифатливи цени поради тоа што нема да поседува напреден хардвер. Се очекува 4.3. инчен 720p HD дисплеј како и Qualcomm Snapdragon S4 процесор, 1GB RAM и камера од 5 мегапиксели.

HTC First би требало да биде првиот телефон што ќе се испорачува со верзија на Андроид на Facebook наречена Facebook Home. Се предвидува дека тоа ќе биде малку изменета верзија на ОS со посебна апликација што ќе овозможи значително поголема интеграција со Facebook.

Со активирање на апликацијата корисниците би требало на почетокот на екранот да добиваат пораки од оваа мрежа, статуси на пријателите, нови фотографии, а можеби дури и реклами. Една од гласините тврди дека Facebook Home апликацијата ќе може да се симне и од PlayStore за сите Андроид телефони да може да имаат „Facebook телефон“.

- Реклама -