Дали полната месечина навистина влијае на нашето здравје и однесување?

Има луѓе кои веруваат во влијанието на полната месечина и оние кои целосно го игнорираат. Сите ние барем еднаш го имаме слушнато изговорот дека на некого не му е добор затоа што надвор има полна месечина.

Физичките и здравствените промени и промените во однесувањето се само некои од последиците, иако многу научници веруваат дека Месечината нема апсолутно никакво влијание врз човечкото тело.

Сепак, има луѓе кои што веруваат во влијанието на Месечината и поради тоа се направени повеќе истражувања за да се види дали навистина таа има некакво влијание. Истаржувањето кое што е направено во Швајцарија покажало дека луѓето за време на полна месечина полошо спијат и квалитеот на сонот е мноуг лош.

Покрај тоа, истражувањето покажало дека месечината не исполнува со стравопочит, додека недостаток на месечина предизвикува тага.

Интересна студија покажала дека пациентите оперирани на полна месечина имале 79 проценти поголема шанса за пpeживyвањe од оние што биле оперирале во текот на ноќта на младата месечина. Исто така, пациентите кои биле оперирани за време на полна месечина, престојувале во болница многу пократко.

Некои статистики тврдат дека повеќе деца се родени за време на полна месечина, но овие тврдења никогаш не биле научно потврдени.

- Реклама -