Кога ќе дојде до секс, мажот не ги гледа сите несовршености за кои жените мислат дека „бодат очи“.Сепак, и понатаму има една поза во која жените се чувствуваат особено ранливо (кога се горе). Еве неколку совети за самоувереност.
Прва грижа – Вашето несовршено тело му е како на тацна
Тој буквално „ве голта“ со очите и не ги забележува нештата кои мислите дека ќе му ја намалат потентноста. Но, ако не можете да се опуштите и мислите дека тој гледа се, целулитот, бутовите, стриите, облечете секси долги чорапи. И понатаму ќе бидете многу секси, но и вие нема да се чувствувате претерано голо и разоткриено.
Втора грижа – Нема да направите се како што треба
Самиот факт дека сте превземале иницијатива и сте „јавнале“ е одлична. Не сте сигурни што сака тој? Прашајте. Со задоволство ќе ви открие. Истотака, речете му да ви даде до знаење кога некоја поза особено му се допаѓа за да се чувствувате самоуверено додека ја правите. Во краен случај, следете го неговиот израз и ќе ви стане се сосема јасно.
Трета грижа – Ќе му биде чуден изразот на лицето додека доживувате оргазам
Него го возбодува кога уживате вие. Но, ако вам не ви е пријатно, преминете на акција под светлина на свеќи. ќе ви биде пријатно и секси. А и светлото од свеќата прави да изгледаме мистично и уште поубаво.