Последниот фестивалски ден на „Drim Short“ фестивалот во Струга, ќе започне со VIP Movie corner каде ќе биде прикажан филмот „Pitched Together“ на Diego Bonilla.
На летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков ќе бидат прикажан филмоt на Ѓорче Ставрески „Дали си маж“, како дел од регионалната програма.
Во Интернационалната програма ќе биде прикажан филмот „A short trip“ на Erenik Beqiri. Во категоријата Dealing with the past ќе се прикаже филмот на Bojan Stojkik „Hope Hotel Phantom“. По проекциите ќе следува официјалната церемонија на доделување на наградите и музичката програма со ISKRA.
Осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“, годинава се одржа од 8 до 11 август во Струга под мотото „Бесконечна слобода“. Оваа година фестивалот е за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.