Дали ви се појавува во соништата и ве теши или одеднаш ви станува најдобар пријател? Доколку е така вие сте еден од илјададниците во светот кој го сонувале мистериозниот човек, еден од илјада чие што искуство би требало да се најде на страната „Тhis man“.Како е можно илјадници луѓе да го сонувале истиот човек? Човек кој никогаш не го виделе?
„Во јануари 2006 година, во Њујорк пациентка на познат психијатар нацртал лице на човек кој редовно му се појавувал во соновите. На неколку наврати му давал совети за приватниот живот. Жената се заколнала дека не го видела човекот во својот живот“, стои на страната.
Портретот стоел заборавен на масата неколку дена, се додека друг пациент на влезот не го забележал лицето. И во неговите соништа се појавувал истиот човек. Пацинтот исто тврдел дека не го познава.
Психијатарот одлучил да ги праша колегите за кои знаел дека имаат пациенти кои редовно ги мачат сонови кои се повторуваат.
Наредните неколку месеци уште четворица го препознале човекот од своите соништа. Сите го нарекувале „Овој човек“.
Од тогаш до денес, повеќе од 2.000 луѓе тврдат дека виделе иста фигура во своите соништа. И феноменот се појавува низ целиот свет. Од Лос Анџелес, Сан Поло, Пекинг, Барселона, Париз до Москва.
Сите соништа воглавно биле слични.
„Прв пат кога го сонував овој човек работата ми одеше многу лошо. Сонував дека сум изгубен во голем шопинг центар. Пдеднаш се појави тој и се обидов да му побегнам. Ме прогонуваше со часови се додека не ме фати во еден ќош. Во тој момент се насмевна, ми ја зеде раката и ми покажа како да излезам од центарот. Тогаш се разбудив. Од тогаш ми се појавува често во соновите, помагајќи ми да излезам од нив“, вели еден од пациентите.
Некогаш луѓето го сонуваат овој човек како лета крај нив, како ги теши ако плачат или ги води на вечера и води љубов со нив.
Постојат многу теории. Една теорија вели дека човекот е вистинската особа која може да им влезе на луѓето во сонот користејќи разни психолошки трикови. Некои веруваат дека вистинска особа личи на човекот од сонот, додека трети се уверени дека зад човекот стои ментална манипулација на голема корпорација.
Сепак, можеби последнава теорија е најточна. Имено, целиот вебсајт е приказна и креација на Андреа Натела, социолог и експерт за маркетинг во компанија која е специјализирана за субверзни манипулации и веќе со години создава уметнички проекти и рекламни кампањи кои си поигруваат со човековиот мозок.
„Овој човек“ е можеби маркетинг-трик, но сигурно приказната во комбинација со фотографијата, барем малку ве вознемири, па прочепкавте по вашите соништа, да не можеби ви звучи познато.