Дали сте себични во креветот?

Додека некои жени не знаат да изразат желба кога е во прашање сексот, некои дефинитивно тоа редовно го практикуваат, па понекогаш дури и инсистираат да биде се како што они сакаат, и делуваат себично. Мoжеби ќе се препознаете во некоја од подолу наведените навики.

Се фокусирате само на оргазам

Оргазмот е цел на секој сексуален однос, но доколку премногу се фокусирате на него ќе заборавите на целиот процес кој доведува до таа цел. Поврзувањето со партнерот, играта, опуштањето и покажувањето љубов, исто така се важен дел од сексот, на кој никако не смееме да заборавиме.

Не се препуштате

Секој секс е поинаков од предходниот, барем малку, но доколку не се препуштите на ритмот и на чувствата, и тежнеете само кон рутината која загарантирано ќе ве доведе до оргазам, тогаш сте себични. Сексот би требало да биде исполнет со нови работи и испробувања, а чест е и случајот мажите да сакаат да експериментираат, додека жените тоа го одбиваат. Понекогаш треба да ризикуваме и со секс кој ни се чини необичен, бидејќи тоа може да ве доведе до убаво и повозбудливо искуство.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Го брзате

Сексот не е натпреварување, а многу жени сакаат што побрзо да се префрлат на оние движења кои ќе ги доведат до оргазам. Доколку имате време, уживајте, движете се полека и истражувајте. Секогаш ќе можете да се префрлите на старата рутина која ви е омилена. На тој начин и вие и вашиот партнер ќе сте задоволни и ќе уживате.

- Реклама -