Не е тајна дека косата значително влијае на нашиот изглед. Секоја жена изгледа поубаво и посреќно со средена фризура, исто како што валкана и запоставена коса прави да изгледаме болно и лошо. Исто така, изборот на бојата и моделот на фризура може да ве подмлади, или да направи да изгледате постаро. Затоа ви ги претсавуваме најчестите грешки поврзани со косата и научите како да ги избегнете.
Рамно шишана коса
Косата која нема степен може да изгледа здраво и негувано сама по себе, но никогаш не може да има живост и волумен како степенесто-шипана коса. Фризерите тоа го нарекуваат „движење“ на косата. Степенот ја отстранува тежината на долниот дел од косата, па затоа станува полесна, поубава и навидум побујна. И додека рамната коса ги нагласува линиите и брчките на лицето, степенесто-шишаната коса нив ги ублажува. Размислете за модерни шишки на страна ако сакате лицето да ви изгледа позаоблено, а јаболчниците да бидат повеќе истакнати.
Употреба на премногу препарати
Со цел да добиете повеќе волумен, многу дами се одлучуваат за различни сперјови, пени и гелови. Иако сите тие препарати можат да вродат плод, ако ги користите сите одеднаш можете да добиете спротивен ефект.
Многуте препарати доведуваат косата да изгледа грубо, круто и без сјај, а тоа прави да изгледате постари. Меѓутоа, ако имате добра фризура, со убави слоеви, косата сама по себе ќе добие волумен, а на вас ќе ви биде потребна само мала количина на пена за коса за да го постигнете ефектот на ѕвезда за црвениот тепих.
Премногу седа коса
Кожата со годините ја губи својата природна боја и добива пепеласта нијанса. Ако на тоа додадете и пепеласта коса, без топли тонови, јасно е дека ќе изгледате уште постари. Следен пат кога ќе се упатите кон фризер, кажете му дека сакате малку потопли нијанси, како путер или мед, а избегнувајте ги ладните платинасти тонови.
Испукани врвови
Младата коса е сјајна, здрава и еластична. Со годините, таа ја губи способноста да ја задржува хидратацијата, па изгледа уморно и суво, а краевите почнуваат да пукаат. За да го вратите младешкиот сјај, потребно е редовно да ја негувате. Еднаш неделно направете длабинско чистење, шишајте се редовно и избегнувајте често миење на косата, не повеќе од два пати неделно.
Премногу темна коса
Целосна црна и темно-кафена коса ги нагласува брчките и темните кругови околу очите. Исто така, ако имате природно светла коса, темето е видливо, па секое губење на косата е забележливо. Неколку светли прамени околу лицето прават чудо во однос на подмладувањето, а нема направат голема промена. Ако сте подготвени за поголема промена, осветлете ја целата коса за нијанса или две.
Целосно рамна коса
Рамната коса која слободно паѓа ќе го направи вашето лице издолжено и уморно. А да не збориме за тоа дека пеглата за коса, ако немате природно рамна коса, целосно ќе ви ја исуши косата. Ако имате природно тенка и рамна коса, замолете го фризерот да ви направи малку степен, а потоа со малку пена поминете низ косата со чешел. Исушете ја со фен, држејќи ја главата надоле за да добиете поголем волумен. Исто така, со четка за фенирање можете да направите и неколку кадрици, кои ќе донесат живост во вашата коса.