Дали вашите сексуални фантазии се нормални?

Колку од луѓето имаат слични сексуални фантазии со вашите? Спаѓаат ли вашите секс мечти во групата на нормалното?

Во неодамна објавената студија во Journal of Sexual Medicine, група истражувачи се обидоа да утврдат кои од сексуалните фантазии се ретки, кои се необични, кои се типични и чести, кои се заеднички за мажите и за жените, и најважно, кои се екстремно ретки и настрани.

Интервјуирани биле 1.516 возрасни лица (799 жени и 717 мажи), од кои 85.1 проценти се изјасниле како хетеросексуални, 3.6% се изјасниле како хомосексуални и 11.3% како некаде помеѓу, а нивната задача била да оценат повеќе од 55 различни сексуални фантазии, на скала од 1-7.

Неколку очигледни статистики: Жените почесто фантазираат за секс со непознат или секс на одредени локации, додека мажите повеќе фантазираат за орален и анален секс, како и секс со колешки. Мажите се покажале и како попрецизни во опишување на своите фантазии и изразиле поголема желба за нивно преточување во реалност.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Најчестите фантазии кај двата пола вклучуваат: орален секс, секс на необични или романтични места, секс со некој што не им е партнер/сопружник и рачно задоволување на партнерот (и обратно). Најретките фантазии вклучуваат силување, секс со животни и секс со деца.

sexual-submission-article[1]

Секоја од фантазиите била оценета на скала од „ретка“ до „типична“: ретките се појавуваат кај 2.3 проценти од популацијата; необичните ги има кај 15.9% („златни тушеви“ и носење облека типична за спротивниот пол); честите ги има кај 50-84.1 проценти од популацијата (сексуална доминација врз некого, секс со славни личности); типичните фантазии ги имаат повеќе од 84.1 проценти од популацијата (вообичаени фантазии за секс во тројка, рачна мастурбација и слични).

Грубите статистики на страна, следнава табела нуди најдетален увид во тоа кој, колку и за што фантазира:

 

sex_fantasy_table

- Реклама -