Овој датум е последниот кој во себе има три последователни броеви во следните 90 години. Освен за математичарите тој е интересен и за нумеролозите и другите обожаватели на бореви.Илјадници луѓе планираат токму на овој датум да стапат во брак, а еден проф. од Калифорнија нуди 1.112,13 долари на оној кој ќе се сети на најоригинален начин да го одбележи овој датум. За идеите ќе одлучуваат организаторите 68-годишниот Рон Гордон и неговата 51 годишна сопруга Линда.
„ Ваква низа од броеви нема да се случи повторно во овој век, тоа е како календарска комета. Чекаш, ти го разубавува денот и ја снемува“, вели Гордон.