Интернет продавачот Kogan почнал да го наплаќа првиот данок на муштерии кои користат застарен browser како Internet Explorer 7 за купување на сајтот. Муштериите кои не се откажуваат од IE7 за купување на апдејтираниот Kogan вебсајт ќе мораат да платат дополнителни 6,8 проценти.
Но муштериите кои го посетуваат сајтот со IE7 можат да го избегнат данокот ако спуштат понов browser како понова верзија на IE, Google Chrome, Firefox, Safari или Opera преку сајтот. Од Kogan велат дека на вработените им било преку глава од дополнителниот напор потребен за новиот вебсајт да работи како што треба на стариот browser на Microsoft.
„Internet Explorer 7 одамна го надмина рокот на употреба“ изјавил претседателот Руслан Коган. „Тоа е постојана причина за фрустрација за вработените во IT кои постојано трошеа време за browser кој беше претставен пред речиси шест години. Тоа се противи на сите принципи на Kogan.“
„Не само што не чини многу туку влијае и врз онлајн бизнисите и ја чини интернет економијата милиони долари. Второ, Kogan ги основаше своите водечки цени со избегнување на непотребни трошоци од бизнис моделот. Нема смисла за нас да ги создаваме најдобрите можни цени за електроника а да имаме огромни трошоци на поле на IT.“
Данокот од 6,8 проценти за IE7 можеби изгледа смешен но муштериите можат да го избегнат со многу едноставен апдејт на нивниот browser. [Kogan imposes world’s first Internet Explorer 7 tax]