Дарио Шариќ се врати во Ефес!

Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ ќе се врати во редовите на Анадолу Ефес, по десетгодишен ангажман во НБА. Ова значи негово повторно облекување на дресот на клубот во кој остави значаен печат пред да се впушти во најсилната лига на светот.

Искусниот крилен центар значително ќе ја зголеми силата на тимот, што го прави едно од најзначајните засилувања на Ефес за идната сезона.

Шариќ потпиша договор со клубот од Истанбул на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Во својата кариера, играше во НБА за тимови како Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт и Денвер, стекнувајќи огромно искуство на највисоко ниво.

Прочитајте и:  Гвардиола за Светското првенство, иднината, враќањето во Сити и најголемиот непријател.

Со неговото враќање, Ефес добива играч кој може да игра на повеќе позиции, да создава шанси, да шутира од надвор и да внесе нова енергија во борбата за врвот на Евролигата.

На овој начин, клубот отправува јасна порака до конкуренцијата за своите амбиции да се врати на европскиот трон по неколку сезони во кои не успеа да ја повтори славата од своите шампионски времиња.

За Шариќ, ова е шанса повторно да го докаже својот квалитет на Евролигата и да стане еден од основните играчи во новата ера на Анадолу Ефес.