Дастин Хофман го победи ракот

На актерот му бил дијагностициран рак во рана фаза кој му бил отстранет, а тој сега се чувствува добро.

Холивудскиот актер Дастин Хофман успешно го победи ракот, изјавила неговата портпаролка Џоди Готлиб за магазинот People.

„Ракот му беше откриен во рана фаза и хируршки е третиран“, изјавила и додала дека Дастин се чувствува добро.

Добитникот на два Оскари, 75-годишниот актер и режисер, ќе помине превентивни третмани за да се намали можноста од враќање на ракот во следните години. Не се познати детали за видот на ракот.

 

- Реклама -