Де Хеа откри зошто паузирал една година


По една година пауза шпанскиОТ голман Давид де Хеа му се врати на фудбалот потпишувајќи договор со италијанска Фиорентина.

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид беше претставен во понеделникот во тренинг центарот на клубот „Виола Парк“, откривајќи зошто земал „сабатикал“.

„Беше поинаква година од вообичаеното. Тешко ми беше да најдам мотив да ги проценувам понудите, па решив да земам годишен одмор, изјави 33-годишниот Шпанец.

„Решив да одам на одмор, но продолжив да тренирам сам. Морав да бидам во најдоброто издание, а кога Фиорентина пристигна, немаше сомнеж”, изјави тој.

„Имаат одлични навивачи и одлична историја. Тоа беше лесна одлука. Не сакав да се повлечам. Сакам да бидам дел од историјата на клубот, да им помагам на младите играчи и да имам победнички менталитет”, додаде Де Хеа.

Откри дека имал голем број понуди, но сакал да игра во Италија.

„Во форма сум, тренирав секој ден, дури и повеќе од порано. На добро ниво сум. Добив многу понуди, но сакав да играм во Италија. Серија А е една од најдобрите лиги во светот и едвај чекам да ги запознаам сите“, рече тој.

Де Хеа бранеше за Манчестер Јунајте од 2011 до 2023 година, со 545 настапи од кои 415 во Премиер лигата. Во тој период го освои англиското првенство, Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА и еден ФА Куп.

- Реклама -