Швајцарската група L3 Holdings купи на аукција купи пакет акции од автомобилската марка De Tomaso за два милиони евра и стана нејзин нов сосптвеник. Конкуренти на Швајцарците на аукцијата беа италијанската компанија Eos Group и кинеската Consolidated Ideal TeamVenture.
Новите сопственици имаат намера да го ревитализираат брендот De Tomaso со лансирање на спортски автомобил. За таа цел се предвидува отворање на монтажен погон во Торино и вработување на 360 лица. Според финансиски информации групата L3 Holdings е поврзана со инвестицискиот фонд Genii Capital, кој е сопственик и на тимот Lotus од F1. Истиот фонд во 2010 беше меѓу претендентите за купување на шведскиот автопроизводител Saab.
Компанијата De Tomaso правеше спортски автомобили во периодот од 1963 до 2004. По банкротот на компанијата во 2009 таа беше купена од страна на инвеститорот Жан Маро Росињоло. Тој планираше во 2012 година да лансира во сериско производство кросовер, но поради финансиски тешкотии тој ги продаде своите права, а контролниот пакет акции премина во кинеската фирма Hotyork. Во 2013 италијанскиот производител на спортски машини ATS, исто така, имаше намера да го купи De Tomaso, но наскоро се откажа од плановите да го оживее брендот.