Деца од Куманово се затруле со земјоделска течност, пренесени во клиника за итна помош.

Две деца на возраст од 3 и 4 години од едно село во Куманово се затруле со течност која се користи во земјоделството. Оваа информација ја соопштија од СВР Куманово. Инцидентот бил пријавен од лекар од Општа болница Куманово вчера околу пладне.

Според полицијата, децата биле донесени во болницата поради симптоми на труење. По прегледот, нивната состојба била задоволителна, а виталните параметри биле стабилни. Со цел да се избегнат последици од потенцијална интоксикација, децата со болничко возило и во придружба на медицински тим се пренесени во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Полицијата продолжува со истрага за расчистување на овој случај.

Прочитајте и:  Македонската музичка традиција заблеска на фестивалот „Солеј“ во Созопол