Дедо Мраз ограби продавници за накит во Косово и Албанија

Четворица мажи облечени во традиционална облека  на Дедо Мраз ограбиле продавница за накит во вторникот во трговски центар во Тирана, изјави портпаролот на албанското Министерство за внатрешни работи Флорион Сеиани.Со оружје, скриени под облеката, мажите му се заканиле на сопственикот и неговата сопруга и брзо ги  наполниле  торбите со накит и часовници.

Медиумите покажаа фотографии  од безбедносните  камери на TEG Mall каде се гледаат  Дедо Мразовците  при нивното напуштање на продавницата со полни кеси. Тие се качиле во  Mercedes, подоцна отворен напуштен и опожарен, на два километри од местото на нападот, соопшти полицијата.

SNN2226GX2-682_1130099a

 

Подоцна истражителите открија и автоматско оружје во корпа  за отпадоци во близина на трговскиот центар.

Ова е втор случај за само неколку дена.

Вчера  наутро, тројца вооружени мажи, облечени во исти костуми на Дедо Мраз, се обидоа да ограбат продавница за накит во Призрен, Косово, објавија албанските медиуми. Тие го застрелале  и раниле сопственикот на продавницата и друго лице кое станало сведок на грабежот.

- Реклама -