Дедо од 92 години се оженил со девојка од 22 години

Мосали Мохамед ал-Мујамаие има 92 години и се оженил за Муном Муклиф ал-Џубири која има 22 години, три години после смртта на неговата прва жена, со која бил во брак 58 години и имал 16 деца.

Венчавката се одвивала во селото Губан, јужно од Самара, во исто време со венчавката на неговите двајца внуци. Мосали истакнал дека венчавката на неговите внуци, 16 и 17 години, неколку пати ја одложувал, за да може да ја припреми сопствената внечавка.

-Пресеќен сум што се оженив во исто време со моите внуци. Се чуствувам како да имам 20 години – изјавил Мосали, после церемонијата.

Венчавката траела 4 часа. Имало музика и играње, како и многу пукање од автоматско оружје, а на церемонијата присуствувале локалните племенски и верски лидери.

- Реклама -