Дејан Недев и Венцислав Недев ќе бидат дел од светската карате елита, организирајќи семинар во Монтевидео и Пунта Дел Есте, Уругвај.
– Недеви ќе предаваат заедно со истакнатите карате мајстори, како што се Катсуја Ишијама од Венецуела и Вајо Салас од Перу, ученици на Хидетака Нишијама, основачот на традиционалното карате во светот. Традиционалното карате е многу популарно во Јужна Америка, слично како и во Европа, а Недеви учествуваат на овој семинар по покана од Николас Переира, претседателот на Уругвајската федерација. Семинарот претставува продолжение на ИТКФ светскиот семинар кој традиционално го организираше Нишијама Сенсеи во Сан Диего, Калифорнија, соопшти Македонската традиционална карате федерација.
Семинарот ќе се одржи од 15 до 17 август, а на крајот е планирано да се одржи полагање и промоција за високи карате звања.




