Дејли меил: Путин му рекол на Макрон дека атомската бомба од 1945-та е доказ дека „не мора да се изврши нуклеарен напад врз голем град за да се победи во војна“

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемирил западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави „Дејли меил“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“.

САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август.

Како што пишува „Дејли меил“, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија

„Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.

Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

„Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува „Дејли меил“.

МИА

- Реклама -