Дејвид Боуви има материјал за уште еден албум

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви, има материјал за уште еден албум, тврди поранешниот член на групата Oasis, Ноел Галагер.

Како што пренесува веб-магазинот „NME“, Галагер навестува дека легендарниот пејач има преостанато толку многу материјал од снимањето на албумот „The Next Day“, колку за да сними уште еден албум.

„Судејќи по луѓето со кои разговарав, има доволно материјал за уште еден албум. Човекот сними 29 песни“, изјавил тој.

Меѓутоа, Галагер не открил кога новиот албум би можел да биде објавен и признал дека би можеле да поминат и 10 години пред што новиот материјал на Боуви би се појавил во јавноста.

„Не знам што понатаму со Боуви. Би можел да исчезне и 10 години, но не би ме изненадило и да објави во скоро време уште еден нов албум. Тој би можел да тргне на најголема турнеа на сите времиња, или пак никогаш да не настапи. Кој знае?!“ изјавил Галагер.

 

- Реклама -