Демократски сојуз за нападот во М-НАВ: Со ДУИ и СДСМ Македонија ја зафати не катастрофа, туку катаклизма

„После неколку мега афери во М-НАВ,денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање. За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владатa да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ“, реагираат од Демократски сојуз по денешните инциденти во М-НАВ.

Партијата го повика и раководството на МВР да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.

„Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции, нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ Македонија ја зафати не катастрофа, туку катаклизма“, се вели во реакцијата.

- Реклама -