Дендиас сака Грција и Македонија да се договорат за Договорот

Обврските од Преспанскиот договор мора строго и прецизно да се почитуваат, вели грчкиот министер за надворешни работи – Никос Дендиас, во интервју за „Катимерини“, прашан дали Грција сака земјите од Западен Балкан да се приклучат во Европската унија.

Строгото и прецизно почитување на обврските вклучува и правилна интерпретација на Договорот од Преспа, додаде тој, образложувајќи дека „во секој правен текст, дури и во најкомплетниот и најдеталниот, има простор за интерпретација“.

„Сакаме да постигнеме согласување со Владата во Северна Македонија околу точната интерпретација на Договорот. Да го решиме проблемот со грчките производи. Да ги зачуваме интересите на грчките бизниси на начин што е позитивен за целиот регион. Да внимаваме на сѐ што е предмет на античкото културно наследство на Грција“, рече Дендиас.

Прочитајте и:  Маринакис: Патот на Северна Македонија кон Европа поминува преку Грција и почитувањето на Договорот од Преспа

Што се однесува до Албанија, грчкиот министер за надворешни работи уште еднаш побара заштита на грчкото малцинство, порачувајќи дека Грција нема други барања и е фактор на стабилност и гранична безбедност, но дека Албанија мора да сфати дека европскиот курс подразбира и почитување на европското законодавство, кое пак обезбедува заштита на малцинствата.

 

- Реклама -