Најплатената ТВ-актерка како да го вратила времето наназад бидејќи денес изгледа подобро одошто во своите помлади денови.
Познатата актерка Софија Вергара го прослави својот 42-ри роденден во круг на своите пријатели и семејство, а нејзиниот син на својот Инстаграм профил објавил нејзина фотографија од минатото.
Денес згодната колумбијка е една од најсексапилните жени на светот која се прослави во серијата „Modern Family“, неодамна ја прекина својата веридба, а почна да се состанува со згодниот актер Џо Манганиел.
Освен тоа, нејзините „несовршени“ облини се заслужни за менувањето на погледот на женското тело. Таа не е типична слаба девојка него жена која гордо ги носи своите облини.
„Отсекогаш сум имала таква фигура и брз метаболизам. Никогаш не сум страдала поради тежината како некои мои пријателки. Сега кога сум постара само морам своето тело да го одджувам здраво“, рекла Софија која многу рано станала мајка.
На почетокот било тешко, но синот Маноло ја охрабрувал да направи нешто со својот живот и да ги оствари соништата. И денес се во добри односи и со задоволство излегуваат заедно.
Софија Вергата во секој случај не е типична мајка. Среќен роденден!