Денес и утре стабилно и сончево време, во среда наоблачување

Времето денес (понеделник) ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. За подрачјето на Гостивар се прогнозира температура во интервал од 5 до 23 степени.

Според најавите, во следните денови од новата работна седмица ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево време преку денот и релативно топло за овој период од годината.
За во среда, најавено е да има преодна зголемена облачност, проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура да опадне.
Во четврток и петок се очекува максимална дневна температура од 18 степени.

Извор