Денес ќе биде сончево со температура до 19 степени, а од утре се менува.

Времето за следните денови

Денешните временски услови носат променливо облачно небо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, предоминантно од север. Минималната температура ќе се движи помеѓу -3 и 5 степени, додека максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, слично времето, со променливо облачно небо и сончеви мигови. Овде минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе биде до 19 степени.

Во четврток, времето ќе биде стабилно, суво и малку потопло. Ветерот ќе биде умерен до засилен, а на некои места ќе достигне и силни удари од јужен правец. Како што ќе поминува денот, вечерните часови ќе донесат циклонска активност, што ќе услови нестабилно и постудено време, со локални врнежи од дожд. Најобилни врнежи се очекуваат во петок, кога постои и можност за појава на ретки грмежи. Поради продорот на постудена воздушна маса, на повисоките места, особено на планините, дождот ќе премине во снег.

Прочитајте и:  Претседателот на Бразилската федерација уловен со љубовница за време на Светското првенство