До 21:00 часот во целата држава забележани се вкупно 21 пожар на отворен простор. Од нив, седум се активни, еден е под контрола, а 13 се потполно изгаснати.
Според информации од Центарот за управување со кризи, активни пожари се јавуваат во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума, како и во општина Струга, во близина на село Подгорци (нискостеблеста шума) и во општина Прилеп, кај село Беловодица – на подрачјето познато како Ливада и село Лењиште (букова шума).
Исто така, активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај село Стровија и село Долгаец (мешана шума), во општина Росоман – село Дебреште (ниска вегетација), во општина Кичево (село Душегубица – нижава вегетација и ниска шума) и во општина Студеничани – во селата Горно Количани и Драчевица, на планинскиот врв Китка (мешана шума).
Пожарот во општина Старо Нагоричане, во село Канарево (ниска вегетација), е ставен под контрола.
Изгаснати се пожарите во општина Маврово – Ростуше, во селата Церово и Симница (нискостеблеста шума и сеча), во општина Боговиње (село Оловјане – ниска вегетација), во општина Ѓорче Петров (селата Орман и Волково – ниска вегетација), во општина Струга (села Велешта и Белица – стрниште), во општина Липково (села Слупчане и Ваксинце – стрниште), во општина Струмица (село Ангелци – ниска вегетација), во општина Долнени (село Лажани – ниска вегетација), во општина Кратово (место Рашковец – ниска вегетација), во општина Кичево (село Горица – стрниште), во општина Студеничани (село Батинци – ниска вегетација и ѓубре), во општина Гази Баба (село Трубарево – ниска вегетација) и во општина Зелениково (село Градовци – ниска вегетација).




