Зошто денешните 30-годишници не се возрасни?

Неодамна објавените податоци на американското Биро за попис на населението, покажуваат дека тенденцијата/шансите кај денешните 30-годишници да достигнат некои од „најважните настани“ кои ги квалификуваат луѓето како возрасни, е многу помала во споредба со оние кои биле 30-годишни во 1975 година.

Во 1974-тата, тројца од четворица (т.е. 75%) 30-годишни биле во брак, имале дете, го завршиле своето образование и живееле одвоено од своите родители. За споредба, во 2015 година само еден од четворица (25%) може да се пофали со истите достигнувања.

Ова не се првите податоци кои покажуваат денешните (т.е. во 2015-та) млади (Американци) на возраст меѓу 18 и 34 години живеат како што пред некоја деценија живееле помладите од нив. Во моментов бројот на младите кои живеат дома со родители, баби и дедовци или роднини, е највисок во последните 75 години, покажуваат анализите на Trulia извршени врз податоците на Бирото за попис на населението.

Според истражувањето на експертската група Pew Research Center, денес „за прв пат во историјата најчестата форма на домување кај младите возрасни е во заедничко живеалиште со нивните родители“. Според нивните податоци, кај денешните млади исто така помала е и тенденцијата да влегуваат во брак до 34-годишна возраст, споредено со било која претходна генерација. Во 1960-та година, само едно од десет лица (т.е. 10%) на возраст меѓу 25 и 34 години не било во брак; денес оваа група достигнува близу 50%.

Младите што во 2015-та биле на возраст меѓу 18 и 35 години, исто така подолго чекаат да имаат деца отколку претходните генерации, со тоа што многумина тврдат и дека никогаш не сакаат да имаат деца (според истражувањето на Cassandra Report – еден од тројца). Наталитетот кај жените на возраст меѓу 20 и 30 години е најнизок во споредба со било која друга генерација на млади жени во историјата на САД, покажува истражувањето на Urban Institute.

Една од причините многу од младите Американци да „доцнат“ со „возрасноста“ се студентските кредити. Над 50% ги наведуваат токму нив како главна причина.

- Реклама -