Денеска е светски ден на фотографијата

На 19 август се слават 175 години откако фотографијата е признаена од Француската академија на науките и ликовна уметност.

На 19 август 1839 година е направено официјалното претставување на фотографски процес од Луј Дагер пред Француската академија на науките и ликовни уметности.

Фотографијата влегува широко на потрошувачки пазар во 1901 година со презентација на познати модели на апарати, а во 1925 година се појавува првиот апарат „Лајка” со 35 мм црно-бел филм.

Фотографија се нарекува процесот на создавање на слики на реални објекти со помош на светлина. Терминот потекнува од грчките зборови Фос (светлина) и Граф (“пишува”).

Обидите за “фотографирање” датираат уште од времето на Леонардо да Винчи, но првата успешна фотографска слика е од 1826 година и е дело на францускиот пронаоѓач Жозеф Нисефор Ниепс .

Во продолжение погледете дел од првите фотографии во историјата на фотографијата…

photo-18 photo-17 photo-16 photo-15 photo-14 photo-13 photo-12 photo-11 photo-10 photo-6 photo-4 photo-3 photo-2 photo-1 photo-0

- Реклама -