Геолошките феномени дизајнирани од природата, од почетокот на човештвото го плени човекот да истражува, да открива, да креира, да дизајнира, да се нурне во светот на творештвото и науката, заштитатата на природното богатство
Идејата да се направи изложба на минерали и мозаици во Галеријата на минерали ОТКРИТИЕ, доведе да се создаде Тајфата Минерали, која како во Фибоначиевата златна низа и пресек, се надоврзува со вредни луѓе и вредности
Тајфа:
Деан Шкартов- Музичар кој што на срцето на прилепскиот мермер – минералот Korund ( Рубин) Al2O3, го избруси и му даде смисол, есенцијална вредност во групата на македонски скапоцени камења,
ќе ја презентира својата брилијантна колекција на минерали и ќе не запознае со светот на минералите
Јасмина Бошевска- Мозаичарка, Филолог која љубопитно зачекори во лавиринтот на мозаиците да ја открива вредноста на македонските минерали, древните мозаичарски вештини и се надоврза на културното наследство за да ја продолжи нишката, создаваќи свои мозаични дела
Вешти луѓе кои природно се надоврзаа во приказната за изложбата во Галеријата на минерали ОТКРИТИЕ, се и Татјана и Илија Петковски и Искра и Марко Бекриќ
За занаетчијата, артизантот, уметникот, природата е врховниот закон на животот, таа е инспирација, вечниот учител, таа е патот по кој што се создала уметноста, културното наследство, традицијата, философијата, литературата, а ние сме едноставни луѓе кои имаат задача од природата, да создадаваат дела, вештини кои ќе се пренесуваат во наследство низ генерациите
Таа неповторлива симфонија од звуци кои ѕвонат под ударот на чеканот врз каменот кога се кали мозаикот, зуењето на минералите кога се брусат, а посебен е македонскиот рубин до последната негова дизајнирана форма – елегантно млечно розово камче кое ќе заблеска на некој филигран или мозаик, кај вештиот мајстор предизвикува постојано и постојано потврдување на мислата на Брехт, дека уметноста не го отсликува општеството, туку таа со чекан и наковална го обликува, го бруси
Во овој проект би сакале да стимулираме ново творештво, нови конекции и истражувања, кои ќе ги редат коцкичките на мозаикот на вистинското место