Денеска почнува есента | Gostivarpress.mk

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Извор