Дени Мекаскил, новиот хит на YouTube (видео)

Повеќе...

Видео снимката на која Дени Мекаскил ги изведува своите велосипедски егзибиции низ Единбург стана новиот хит на друштвениот веб сајт YouTube. Само во првите 40 часови откако е поставено видеото е гледано од преку 350.000 луѓе. 

Видео снимката на која Дени Мекаскил ги изведува своите велосипедски егзибиции низ Единбург стана новиот хит на друштвениот веб сајт YouTube. Само во првите 40 часови откако е поставено видеото е гледано од преку 350.000 луѓе. 

Дени (23) со својот велосипед скока преку кровови, се качува по дрва, па дури и вози по работ на тенката ограда. Бициклистот за Бибиси изјавил дека најголем комплимент му е што некои луѓе мислат дека неговите "лудории" се лажни.

Тој вежбал по неколку часови дневно уште од 12 години. На неговата мајка и’ здосадило секогаш да и’ се појавува дома со полиција бидејќи им скокал на луѓето со велосипедот по ѕидовите, но откако го снимил видеото за локалните полицајци прилично бил среќен и мирен. За себе смета дека ги постигнал повеќето од своите цели, што се однесува на тенките огради, за што му биле потребни по 8 часови дневно вежбање да ги совлада. Додека бил во близина на Националната Галерија морал своите скокови да ги заврши за што пократко време за да луѓето не би се собирале да го гледаат. 

Тој сепак признал дека зема таблети против болките во неговите зглобови, кои со години ги трпат неговите напорни екстремни возења. Дени ја напуштил работата како механичар за да може што повеќе време да поминува на велосипедот заедно со неговата петочлена посада "Клан". Во прилог ви го прикажуваме петиполминутното видео кое го снимил неговиот цимер. 


{youtube}Z19zFlPah-o{/youtube}
 
- Реклама -