Денот на Албанската азбука – 22 Ноември, неработен за припадниците на албанската заедница

Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците, 22 ноември 2021 година (понеделник), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Прочитајте и:  Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
- Реклама -