Во антиката се верувало дека денот на раѓање во седмицата има големо влијание врз карактерот на човекот и неговиот животен пат.
Родените во понеделник се многу емотивни
Во Понеделник владее месечината, а според народните преданија во годината постојат само три понеделници кои се сметаат за несреќни – првиот во април и во август, како и последниот во декември. Бидејќи месечината е променлива, и луѓето родени во понеделник се секогаш такви, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. Важно е дека во животот имаат цврсти темели, како што се семејството, пријателите и партнерот од кој што ја „црпат“ својата сила.
Во вторник се раѓаат борбени и темпераментни
Вторникот го добил името по планетата Марс, која според римското верување е Бог на војната. Тоа на луѓето што се родени на овој ден им носи голема сила, борбен дух и упорност да ги остварат своите цели. Сепак, под влијание на Марс тие се немирни и склони кон нервози.
Во среда се раѓаат интелигентни и експресивни
Средата го добила името по планетата Меркур, која била римски Бог на трговијата, патувањето и гласник на боговите. Според тоа, оние кои се родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквенција и големо влијание врз другите луѓе. Сепак, наследиле и одреден немир и љубопитност поради кои што им се потребни постојани предизвици за да функционираат.
Четврток е ден на оптимистите и независните
Со четвртокот владее Јупитер, кој во митологијата е Бог на громовите и дождот. Тој е симбол за експанзија, оптимизам и добар хумор… Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независнот, па ретко се задржуваат долго на едно место.
Во петок се раѓаат уметниците
Со петок владее планетата Венера, симбол на убавината и љубовта. Луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера и затоа се сензибилни и уметнички типови. На некој начин, живеат во свој свет, а склони се кон идеалистички поглед кон истиот и романтични мечти. Тие ја сакаат и ја ценат убавината, па се трудат со неа да го исполнат животот.
Сабота е ден за разумните и практичните
Сабота е ден на планетата Сатурн, која во римската митологија е бог на земјоделството и жетвата и син на мајката Земја. Луѓето кои се родени на овој ден се практични, рационални и зрели. Тие уште во малдите денови се „повозрасни“ од своите врсници и сакаат да планираат. Тешко поднесуваат промени поради сомнежот во себе, но токму сомнежот им користи во животот.
Во недела се раѓаат среќниците
Овој ден е под влијание на Сонцето, а според древните верувања се смета за прв ден во неделата. Според народот, неделата е среќна за раѓање на дете. Луѓето кои се родени во недела се харизматични, ведри и оптимистични. Тие се во вечна потрага по нешто поинакво и не им се покоруваат на нормите. Покрај тоа се стабилни, а најчесто ги следи среќа во животот.