Се враќав од аеродром. Ја испраќав жена ми и децата на авион, ќе идела да ја види мајка ѝ во Шведска. Си мислев колку ми е без везе животот и дека барем сега овие неколку дена ќе имам време да се опуштам и да се одморам од сите нивни глупости.
Накај дома, покрај патот забележав една автостоперка, па така растоварен од обврски и брзање, решив да ја качам. А девојкава беше права лепотица. Позгодно нешто немам видено во животов.
Ама јас одамна више не сум млад напален мајмун, па голите нозе во кратките тексас шорцеви воопшто не ми го одвлекуваа вниманието. Теравме некој безвезе лаф муабет: од внатрешноста била, сакала да го прошета светот, а кратките опции во родниот град никогаш не го попречиле нејзиниот авантуристички дух.
„Ех, не се живее така“, си мислев во себе, кога одеднаш, сосема неочекувано, ме пресече со:
– За само 20 евра ти го нудам најдоброто пушење што некогаш си го добил во животот.
Ја погледнав, ја измерив од глава до пети, и признавам – малку се замислив, ама веднаш нагазив на кочницата, ѝ ја отворив вратата и ѝ реков:
– Мала, излегувај одма, јас сум поштен човек, татко и верен сопруг!
И цурава се подразмисли, па проба одново:
– Добро, тогаш вака, за 20 евра комплетен секс, и нормално, најдобриот што си го имал во животот.
Е тогаш веќе морав грубо:
– Мааарш надвор, мори, ме слушаш ли ти! Јас сум оженет, верен на жена ми и најдобар татко на светот! Искачај!
Конечно цурава излезе, а јас продолжив да возам гледајќи во ретровизорот:
– Тибам и најдобар татко и верен сопруг, така ми е кога не понесов пари.