Десет камиони и лекари влегоа во Газа преку преминот Рафа

Медицински тим и десет камиони со хуманитарна помош влегоа денеска во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет, носејќи вода, храна и лекови, изјави палестински пограничен претставник, јавија британските медиуми.

Од почетокот на војната влегле само 84 камиони. Пред актуелниот конфликт, во Појасот Газа дневно пристигнуваа околу 450 камиони со хуманитарна помош.

„Во тек се детални преговори со Израел во обид да се обезбедат повеќе хуманитарни премини во палестинската енклава под израелска опсада“, изјави за новинарите во Женева, Лин Хестингс, хуманитарен координатор на ОН за окупираната палестинска територија.

МИА

Прочитајте и:  Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан
- Реклама -