Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анкиев (41) од Кочани, е уапсен под сомнение за прием на поткуп, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, акцијата била изведена на 20 март 2026 година од Единицата за борба против корупцијата при Секторот за криминалистички истраги, во рамките на Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за делото „примање поткуп“.
Како службено лице, Анкиев побарал поткуп од 100.000 евра од сопственика на правен субјект кој се занимава со увоз, преку шпедитер, за да изврши службено дејство што не би смеел да го направи. На оштетениот му било објаснето дека стоката која ја увезува е под забрана за влез и дека треба да се врати поради несоответствието со важечките законски прописи, со што бил издаден записник од страна на Инспекторалот.
За да се овозможи непречен увоз, од него бил побаран поткуп од 100.000 евра, што требало да биде исплатен во три наврати: првично 50.000 евра, а потоа два пати по 25.000 евра. На 19 март 2026 година, извршено е примопредавање на првата рата од 50.000 евра, при што шпедитерот ги презема средствата за да ги предаде на Анкиев.
По примањето на парите, спроведени се оперативни мерки и активности, а по издадените наредби направен е преглед на лице, возило и багаж. При прегледот на патничкото возило, парите биле пронајдени и одземени. Истрагата продолжува, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.




