Детали што најчесто ги забораваме пред патување

Непосредно пред секое патување времето започнува да поминува побрзо и речиси без исклучок забораваме барем некој детаљ. За да бидете максимално подготвени, едноставно направете уште една последна проверка.

 Четка за заби

Четката за заби е предметот што најчесто се заборава при пакување. Доколку и вие сте еден од луѓето на коишто ова често им се случува, купете си уште две-три четки за заби и ставете една, неотпакувана во багажот уште пред да започнете да ја пакувате облеката.

Временска прогноза

Без разлика каде и да патувате, препорачливо е да ја проверите временската прогноза на местото каде што одите, за да бидете соодветно подготвени, првенствено во однос на облеката која ја носите. Ви го препорачуваме сервисот Weather.com, кој има најпрецизни информации за моменталното време, како и за прогнозата за следните 10 дена.

(

Чадор

Никогаш не знаете кога може да заврне и колку може да биде силен дождот. Ако сте во голем град, тоа најчесто значи дека имате каде да се засолните, барем на кратко или пак ќе налетате на некој од уличните продавачи кои за малку пари ќе ви продаде чадор. Но, доколку сте во помало место или пак надвор од населено место, тогаш можете да накиснете до гола кожа. Затоа, секогаш носете си чадор со себе – не зафаќа многу простор, а може да ви затреба во секое време.

Полначи

Кога патувате со себе носите мобилен телефон, лаптоп или таблет-компјутер, фотоапарат и којзнае уште колку други уреди за кои е потребен полнач. Нема ништо полошо отколку да сфатите дека сте заминале стотици километри од дома, а не сте ги понеле соодветните полначи. Не само што ќе треба непотребно да трошите пари за нови, но на некои места воопшто не можете да најдете соодветна замена.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.Mk

- Реклама -