Деца се возеле 80 километри држејќи се ПОД автобусот

Две кинески деца се фатени како се возеле под автобус, а сликите предизвикаа секакви реакции по социјалните мрежи. Разбирливо.

Идентитетот на децата не е соопштен, но се знае дека живеат во „сиромашно село“ некаде во областа Гвангси, а дека поминале 80 километри држејќи се под автобусот за да стигнат до своите родители кои долго време работат во соседната област Гвангдонг.

Нивниот наставник ги пријавил за исчезнати на 23 ноември, а најдени се истиот ден на една од станиците. Според кинеските медиуми, децата имаат околу 8 или 9 години, и немале никакви повреди (тоа што се прекриени со кал благодарение на кинеските рурални патишта е друг муабет). Веднаш се известени и нивните семејства, и веќе истиот ден децата се вратени дома.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Како што потсетува и BBC, многу од децата од руралните подрачја остануваат да живеат со бабите и дедовците (или само баба, или само дедо), додека нивните родители заминуваат во градовите да работат. Очигледно, некои од децава ќе направат сé само за да ги видат.

- Реклама -