Детскиот цртеж открива многу тајни: Проверете дали вашето дете е среќно

Детските цртежи многу говорат за малиот човек, за тоа како се доживува самиот себе и за тоа како ја доживува својата околина. Цртежите можат да бидат првиот и доверлив сигнал дека некои односи во семејството не се во најдобра рамнотежа, или пак токму спротивното.

На почеток, децата се апстрактни сликари. Во своите цртежи не ги обликуваат предметите по сличност, туку само инстинктивно и експресивно шараат, додека најдената сличност е најчесто случајна. Таа експресивност постепено се намалува, а со тоа и нивната креативна моќ. Една од причините е рационалниот пристап на родителите кон детето, но фактор е и наставата во училиштата, при која децата се усмеруваат кон практичниот живот. Тоа е еден од доказите дека образованието и искуството се во обратно-пропорционален однос со експресивната креативност, од што исклучок се децата кои се исклучително надарени – оние кои и наспроти сите притисоци на нормалниот живот не можат да се спротивстават на својата креативна природа.

every_child_is_an_artist__the_problem_is_how_to_re_by_streetartsavemylife[1]

При дијагнозирањето, анализата на детските цртежи не завршува кај боите, туку се посветува внимание и на линиите, фигурите, нивните димензии, распоредот, положбата и сл. Познато е дека кога детето го црта своето семејство и еден од родителите е нацртан многу поголем од другиот, тоа значи дека тој родител е доминантен во семејството.

Бојата во цртежите го открива емотивниот живот на детето. Девојчињата, воглавно, многу повеќе и со поголемо уживање ги користат боите. Употребата на топлите бои во цртежот на детето сугерира спонтаност, склоност кон забава и искрена емотивност. Од друга страна, децата чие однесување е строго контролирано обично употребуваат студени бои. Станува збор за рационални, повлечени, често агресивни и осветољубиви деца. Овие деца обично се мета на прекумерна контрола, па се навикнати да ги потиснуваат своите нагони и да ги контролираат своите емоции.

children-drawing_00003[1]

Секоја боја има своја улога. Претераната употреба на црвената боја може да биде знак на вознемиреност и агресија, додека децата што претежно употребуваат жолта боја се обично среќни и детинести. Зелената е знак на недостаток на искреност, пред се – емоционална. Зголемената употреба на црната сугерира на недостаток на емоции како последица на страв, кој е и причина за закржлавеноста и на другите емоции. Сината означува потреба за уважување од средината од која детето бега, или пак потреба која е задоволена. Практично, тоа значи дека во првиот случај, детето го цени друштвото, се однесува нормално, но е повлечено и осамено. Во другиот случај, детето исто така го сака друштвото, ги прифаќа нормите, но не е осамено и радо се дружи. Доминацијата на кафената боја пак обично се среќава кај децата кои растеле во услови на претерани хигиенски барања.

Што се однесува до линиите и фигурите, преку нив може да се открие правецот и степенот на самоконтрола, доминацијата на разумот и рационалното расудување. Тенките, прекинати и осамени фигури откриваат крути и неприлагодени деца. Заоблените и кружни форми откриваат нежност и скромна природа, додека издолжените фигури се знак на агресивност.

Во сето ова, исклучиво е значаен просторот. Цртежот кој ги надминува рабовите на листот е знак на безобѕирност кон желбите и забраните. Ваквите деца се инфантилни, незрели и осамени. Сразмерното користење на просторот на листот открива среден, урамнотежен и привлечен карактер.

2qcryknm-1396412020[1]

Начините на кои општеството ги истакнува половите разлики исто така се одразува и во креативните активности на децата. Не е тајна дека креативноста подразбира и женска сензитивност, но и машка независност. Истражувањата на психологот Пол Торенс, на пример, покажуваат дека постои висок степен на сензитивност кај креативните момчиња, како и висок степен на независност кај креативните девојчиња.

Се на се, емоционалниот и карактерниот развој на детето се отсликува и во неговата ликовност, но сето тоа е само еден од сегментите на детската психологија. Постојат цела низа на методи и пристапи преку кои може да се воочи каква личност поседува детето и на кои аспекти родителите би требало да посветат внимание.

- Реклама -