Девет знаци што укажуваат на недостаток од железо

Бледи сте, заморни и постојано сте под срес…Тоа се дел од симптомите што укажуваат на недостатоик од железо.

Погледнете ги и останатите, па ако се пронајдете ви порачуваме да направите крвна слика.

1. Исцрпени сте

Ако вашиот замор трае подолго од вообичаеното, и покрај тоа што сте најадени и наспани, се работи за недостаток на железо.

2. Имате болни менструации

Изгубеното количество на крв нема целосно да се обнови доколку имате недостаток на железо, па од тука потекнуваат менструалните болки проследени со замор.

3. Бледи сте

Хемоглобинот на вашата крв и дава црвена боја, поради која вашата кожа добива розов тен. Секое опаѓање на хемоглобинот предизвикува бледа кожа.

4. Лесно останувате без воздух

Ако забележите дека останувате без воздух при секојдневни активности, кои до пред извесно време ги вршевте без проблем, време е да го посетите вашиот лекар за анализа на крвта.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

5. Срцето ви чука побрзо од вообичаено

Заради забрзаната работа на срцето можни се бројни срцеви проблеми, па затоа при првите нерамномерни отчукувања на срцето, консумирајте храна богата со железо.

6. Синдром на немирни нозе

Не можете да престанете да чукате со нозете по подот? 15% од луѓето со овој проблем имаат недостаток на железо во крвта.

7. Главоболка

Мозочните артерии често пати потекуваат при недостаток на железо, што предизвикува силни главоболки и мигрени.

8. Чувствувате стрес, дури и кога не сте во стресна ситуација

Недостатокот на железо може да ве доведе до анксиозност. Заради недостатокот на железо срцето чука забрзано, па се чувствувате напнато дури и кога немате причина за тоа.

9. Јазикот ви изгледа чудно

Покрај тоа што јазикот ја губи старата боја, ниското ниво на железо го намалува количеството на крвни зрнца кои ги одржуваат здрави мускулите на јазикот.

- Реклама -