Џастин Бибер пијан во затвор и прави склекови (Видеа)

Полицијата на Мајами oбјави неколку видео клипови кои покажуваат како се однесувал пејачот и што правел во притвор.Без оглед на тоа што неговите адвокати се бореле како лавови, снимките од Џастин Бибер во зтавор да не бидат објавени, полицијата од Мајами сепак пушти во јавност неколку видеа кои покажуваат како младиот пејач го поминувал времето зад решетките.

Меѓу останатото можете да видите и како Бибер настојува да оди право по линијата и така покажува дека не е пијан, а уште поинтересно е видеото на кое Џастин прави склекови, а фановите најдоа шанса да го пофалат бидејќи прави 27 склекови за 23 секунди!

Да потсетиме, пејачот беше уапсен на 22. јануари во Мајами поради возење под дејство на алкохол и дрога, а  во притвор помина 10 часа.

- Реклама -