Младиот канадски пејач Џастин Бибер никако не може да ја воздржи своваја пргава природа, па уште еднаш заврши зад затворските решетки.
Всушност, Бибер се возел во својот кабриолет низ улиците на Онтарио, кога го видел црното комбе во кое се возеле папараци фотографи.
Пејачот веднаш со своето возило се усмерил кон нив и кога ги удрил, почнал и да упатува пцовки кон новинарите, а едниот и го истуркал.
Полицијата дошла на местото и го уапсила проблематочниот Бибер, кој е набрзо пуштен на слобода, откако била платена кауцијата.
Дека ситуацијата не е премногу розева за младиот Џастин, говори и фактот дека ја прекршил условната казна која ја зарабти претходно оваа година кога со јајца „ја бомбардирал“ куќата на соседот, а пред тоа е уапсен поради возење во пијана состојба и улични трки.