Џебен полнач за акумулатори

На пазарот има доста видови на полначи за стартување на возилото со испразнет акумулатор, но малку од нив можат да се мерат со предлогот на американската компанија Juno Power.

Овој полнаш со неверојатен формат, со големина на смартфон може да стартува секој четирицилиндерски мотор, па дури и некои шестцилиндерски, во зависност од неговара моќност. Juno Jumpr крие литиум-полимер батерија со капацитет од 6.000 милиампер-часа и генерира 12-волтна струја со моќ од  300 ампери.

Има и 5-волтен USB излез за „оживувањене“ на телефони и таблети. Уредот е составено со компоненти на Seiko и Samsung, а производителот ветува минимум 500 циклуси на полнење. Доаѓа со една година гаранција и чини 70 долари.

- Реклама -