Познатата пејачка Џенифер Лопез есенва ќе ја објави својата прва книга „True love“, која е опишана како нејзин приватен дневник.
Пејачката ги напишала своите интимни мисли во нејзината прва книга „True love“ која би требало да биде во продажба оваа есен.
Пејачката се фокусирала на турнејата во 2012 година кога поминувала низ најтешкиот период од нејзиниот живот.
– Тоа беше трансформирачко две-годишно патување, за мене како изведувач и мајка“, стои во објаснувањето во „True love“ во која ги откива своите најголеми стравови.
Биографијата е замислена како дневник, а ќе објави и до сега невидени фотографии.
– Пишувањето на книгата беше лично искуство и доста ранлво. Ако не беше љубовта која ја добивав од моите деца, оваа приказна не би можела да биде раскажана“, изјавила Џенифер.