Џенифер Лопез: Вечна љубов не постои

Џенифер одлучила со четвртиот дечко да не брза до олтарот.

Таа е речиси три години во врска со Каспер Смарт  списание и не планира да се омажи наскоро. За априлското издание на списанието „InStyle“ изјавила дека не се брза да се омажи.

– Во минатото мислев дека љубовта е вечна, но повеќе не верувам во тоа. Веќе долго време не верувам во бајки. Денес знам дека човек може да најде среќа на толку многу места- рекла таа.

Џенифер (44) е во врска со 27-годишниот Каспер откога се разведе со Марк Ентони во 2011 година. Сега отворено признала дека е позната по тоа што ги избрзува работите. Во интервјуто таа рекла дека се труди да сфати зошто не може да биде сама.

– Јас не сакам да бидам сама. Не сакам. Не можам против себе. Морам само да сфатам зошто не ми се допаѓа тоа. Зошто не се чуствувам добро кога сум сама? И можам ли да се соочам со тоа?- рекла во интервјуто.

Покрај тоа, таа вели дека знае точно што сака во љубовта и во животот.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 

– Преживеав многу емоционални подеми и падови. Но, тогаш во еден момент сфатив дека во мојот живот не ми требаат сите оние нешта што претходно ги сметав за неопходни- изјавила Џен.

И децата, како што вели, и помогнале малку да забави- иако и понатаму е активна кога е кариерата во прашање.

– Децата ве принудуваат да се фокусирате на нив- тие се примарни. Кога ќе дојдам дома уморна, деата не можат да разберат дали сте имале добар или лош ден и сакаат само да си играат и дружат со вас- вели таа.

Пејачката вели дека стареењето го чувствува како благослов и за својата кариера и за својот живот.

– Кога бев во дваесеттите години, не бев сигурна во себе. Сега можам да си дозволам по некоја грешка. Сега можам да си кажам „Па што ако не успее, па што?“ Бидејќи знам дека повторно ќе успеам да испливам на површина- рекла Џеј Ло.

- Реклама -