Добриот маркетинг ќе го продаде производот, одличниот маркетинг ќе дозволи да се почувствувате заљубени во еден бренд.
Богата и прекрасна забава преку широки очила – Jude Law е главниот лик во шест-минутното видео со име Gentleman’s Wager кое е новата реклама за Johnnie Walker Blue Label. Брендирана забава која и` пркоси на реалноста, која изобилува со луксуз, фантазија и ескапизам. Со поента која кажува дека постојат работи кои не можат да бидат купени со пари, ова видео е снимено на British Virgin Islands и во Лондон. Погледнете го и уживајте во шестте минути со Лоу.
[youtube http://www.youtube.com/watch?v=kQ7kWpTrtJw]