Џесика Симпсон се омажи за Ерик Џонсон, кој што е татко на нејзините две деца, соопштуваат медиумите.
Церемонијата беше во ранч во Санта Барбара, Калифорнија. Поканети беа 250 гости – роднини и многу познати личности. Симпсон и Џонсон дадоа збор во ноември 2010 година, шест месеци откако се зближија.
Тие имаат ќерка и син, родени во 2012 година и 2013 година И двете деца учествуваа на церемонијата – ќерката им Максвел беше меѓу малите пратилки, а нивниот син ги носеше прстените. Сестрата на невестата Ешли исто беше деверуша. Фустанот на Џесика Симпсон беше од Каролина Ерера. Ова е втор брак и за Џесика Симпсон и за Ерик Џонсон, кој е тркач во американски фудбал. Таа беше мажена за Ник Лачи од 2002 година до 2005 година. Џонсон беше оженет за стилистката Кери Џонсон од 2005 година до 2010 година.