Легендарниот автомобилски дизајнер Џорџето Џуџаро ќе ја продолжи својата професионална активност?
Во интервју за Automotive News, 77-годишниот Италијанец вели дека се уште не се чувствува доволно стар, за да се пензионира, и планира да продолжи да го прави она што умее најдобро – да создава автомобили. Џуџаро и неговиот 50-годишен син Фабрицио планираат да отворат ново ателје што ќе работи за јужнокорејски и кинески компании. Двајцата избегнуваат да дадат имиња на потенцијалните идни клиенти.
Во јули Џорџето Џуџаро ја напушти основаната од него во 1968 година компанијата Italdesign Guigiaro SpA. Тој го продаде на Audi преостанатиот дел од 9,9 проценти пакет акции и најави дека планира да посвети време на лични интереси. За повлекувањето на Џорџето Џуџаро се дозна два месеци по внатрешниот државен удар во Volkswagen, при кој беше соборен претседателот на одборот на директори и негов личен пријател, Фердинанд Пих. Во 2010 година, германскиот гигант откупи 90.1% од Italdesign, токму по иницијатива на Пих.