Џулија Робертс ги прекрши холивудските стандарди

Во интервју за списанието “U” 46-годишната филмска дива довери дека одбивајќи лифтинг во зрелиот период, таа ги прекршила холивудските стандарди.

Џулија Робертс е лице на парфемот „La vie est belle” на „Ланком”. Кога потпиша договор со престижната марка, Робертс инсистираше да биде „ модел за стареење” и да ги користат нејзините услуги, дури и кога ќе ја пречекори 50-тата.

Иконската актерка од „Убава жена” ги истакнува здравиот начин на живот и семејната среќа како фактори кои и помагаат да не се грижи од лузните на староста.

Поради оваа причина таа не прифаќа работите премногу сериозно, што ја прави среќна. Внатрешниот сјај, според неа, е поважен од лифтингот. Робертс се оценува како „машка девојка” и не сака да биде меѓу петте најубави актерки во бикини.

- Реклама -