Диета според возраста

Секоја возраст си има свои особености, па согласно со тоа кон диетите треба да се пристапи со големо внимание.

Колку сте помлади, толку е сè полесно и повторно – не треба да дозволиме да јадеме одредени работи.

Волшебните 20-ти

Секојдневие: дневната норма е 2000 калории. Силниот метаболизам ви овозможува брзо да го симнете вишокот килограми, но не треба да заборавите дека дебелеењето исто така е доста брз процес. Хормоните се уште не се конечно формирани, исто како и скелетот, а тоа значи дека се потребни хранливи материи, витамини и минерали.

Можните проблеми: чест проблем во овој период е недостатокот на железо. Затоа менито треба да вклучува  жолчка од јајце, остриги, ореви, аспарагус. На повеќето жени им претстои раѓање, а токму поради тоа  во организмот треба да има доволно фолна киселина.

Тактика: задолжително консумирајте дневно по 100 г. варено месо, кое се комбинира одлично со другите извори на железо. Имате потреба од омега-3, кои се содржат најмногу во морската риба и лененото семе.

„Тајно оружје“: јаболко. Ова овошје може да направи чуда: без напор ќе симнете 2 килограми, доколку редовно јадете.

kilo-verme

30 +

Секојдневје: се храните како порано, но забележувате како килограмите почнуваат многу лесно да ви се „лепат“. Тоа е знак за природното намалување на брзината на метаболизмот.

Можните проблеми: Витамините Ц, Д, Е и цинкот се важни за здравјето. Затоа, вклучете ги во вашиот начин на живот. Витаминот D ќе го најдете во мрсната риба и млечните производи, а витаминот Е – во маслиновото масло, бадемово и лененото растително масло. Цинкот, кој е неопходен за нормална работа на имунолошкиот систем, се содржи во најголеми количества во морските производи, млекото, свинското и говедското месо.

Тактика: Ограничете ги мастите, тврдото сирење, путерот, маргаринот и готовите месни производи. Не треба да јадете повеќе од 50 г. маснотии дневно. Идеално решение е медитеранската исхрана – зеленчук, риба, морски производи, житни производи, а за десерт – само овошје).

„Тајно оружје“: Внесете целосна забрана за јадење по 19 часот.

40 +

Секојдневие: диетата треба да биде насочена кон одржување на здравјето и превенцијата од болести. Гладувањето е контраиндикативно, бидејќи најчесто доведува до недостаток на калциум и други минерали.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Можните проблеми: Збогатете го менито со калциум. Освен што е потребен за коските и нормална работа на срцето, тој придонесува кон слабеењето, бидејќи ги согорува мастите и не дозволува намалување на мускулната маса. Не заборавајте и на природните млечни производи. Ставајте во храна повеќе ликопен – силен антиоксиданс кој се содржи најмногу во доматите. Недостатокот на магнезиум (се манифестира во форма на мигрена, апатија, несоница) обидете се да го надоместите со помош на бадемите – 50-70 г. дневно.

Тактика: Храната која се состои од растителни и млечни производи, е признаена како идеална за зрелата возраст. Овесните снегулки треба да присуствуваат на секоја трпеза.

„Тајно оружје“: Јадете папаја, по 2 кг дневно. Овој плод придонесува за активното согорување на мастите и за збогатување на гастроинтестиналниот тракт со ферменти.

how-to-get-rid-of-bellyflab-300x205

Во возраста на мудроста

Со возраста метаболизмот се забавува повеќе. По 60-годишна возраст женскиот организам има потреба од 1.500 калории дневно, а мускулната маса е 15% од вкупната тежина.

Основниот принцип во исхраната на оваа возраст е: колку што е можно помалку масти (не повеќе од 40 г. дневно), употреба на обезмастено сирење и урда, растителни протеини (леќа и грав) наместо месо, варен зеленчук без масти (но не и суровини – за да не се натовари гастроинтестиналниот тракт.) Овесните снегулки и сувото овошје треба да се незаменлив составен дел од дневното мени.

Друг проблем во оваа возраст се течностите. Од една страна, прекумерната употреба на сол може да го предизвика нејзиното задржување во организмот, а тоа доведува до отекувања и хипертензија. Но, од друга страна е докажано дека постарите луѓе се со намалената содржина на течности во организмот (водата е не повеќе од 50%, во споредба со 65-70% на средна возраст).

Некои советуваат дневно да се пие не помалку од 2 л. течности , но повеќето професионалци веруваат дека човекот треба да ги слуша индивидуалните потреби на својот организам, за да не провоцира повратна реакција и да не си наштети.

 

- Реклама -